HomeДЕНЕШНАРегионМеѓународна акција за разбивање балканска нарко група, уапсени околу 30 лица

Меѓународна акција за разбивање балканска нарко група, уапсени околу 30 лица

Во рамките на меѓународната акција наречена „Балкан“, разбиена е орагнизирана група на шверцери на дрога по потекло од Балканот.

Во акцијата, спроведена во Албанија, Македонија, Косово, Грција, Бугарија, Турција и Италија, се уапсени најмалку 30 лица, а по 23 е издадена меѓународна потерница под сомнеж за недозволена трговија со дрога, објави порталот Албеу. Во полициската операција се запленети 24 килограми хероин, 1,8 килограми кокаин, 183 килограми марихуана, како и поголемо количество оружје и пари.

Акцијата насловена „Балкан“ е ралзиирана во соработка со американската ДЕА, а од истрагата потврдила дека хероинот бил шверцуван на релација Турција-Косово-Албанија, а потоа дрогата била транспортирана во Грција или во некоја друга земја членка на ЕУ. Исто така, групата шверцувала марихуана од Албанија во Македонија, Грција и Турција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com