HomeДЕНЕШНАРепубликаМеѓународен ден на мирот – како ќе го одбележи Македонија?

Меѓународен ден на мирот – како ќе го одбележи Македонија?

Со резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 септември е прогласен за светски ден на мирот. Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.

Во Охрид овој ден ќе се одбележи со марш на мирот под мотото „Да градиме блокови за мир”. Маршот ќе се одвива на потегот од „Кеј Македонија” до споменикот „Св. Климент охридски”. Учесниците ќе положат свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во градскиот парк.

По повод светски ден на мирот, вчера Сојузот на борците на Македонија одржа мировен собир пред споменикот на ослободителите на град Скопје, каде беше положено свежо цвеќе и беа прочитани пораките на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун и пораката на генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com