HomeДЕНЕШНАПолитикаМетодологијата на АВМУ спорна: Дали ќе има соодветен мониторинг на медиумите

Методологијата на АВМУ спорна: Дали ќе има соодветен мониторинг на медиумите

Советот на Агенцијата за медиуми ја усвои методологија за мониторинг на медиумите за изборите што се очекува да се случат во декември, но за дел од експертите оваа методологија нема да придонесе кон објективен и реален мониторинг на медиумите. Најмногу реакции пристигнаа поради казнувањето дури по 9-та грешка, што остава простор одреден медиум, намерно да направи 9 прекршувања и да се спаси од казна. Друг огромен проблем е што порталите се изземени од мониторингот. Тоа пак, им остава простор на телевизиите и понатаму да се повикуваат на порталите без да подлежат на мониторинг или евентуална санкција.

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев вели дека неколку одредби од Методологијата се спротивни на договорот од 19.07.2016 година и на измените на Изборниот законик. Тој испрати допис до АВМУ во кој посочува на неправилностите.

„Одредбата за утврдување баланс во известувањето, според договорот меѓу 4-те партии за измени на Изборниот законик почнува да важи 100 дена пред денот на одржување на изборите и тоа треба соодветно да се имплементира секаде во Методологијата, без да се раздвојуваат периодите од страна на Агенцијата. Секое такво постапување е спротивно на законот.

Неприфатлива е примена на францускиот модел за постигнување политички плурализам надвор од изборни периоди и негово прилагодување на практиката и регулативата во Македонија за изборни периоди. Наместо примена на францускиот модел, времето во вестите издвоено за политичките партии од парламентарната опозиција треба да е еднакво со времето издвоено за политичките партии коишто ја сочинуваат власта во Парламентот.

Од времето врз основа на кое ќе се извлекуваат оценките за балансот, се иззема времето за прилозите за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, државните институции и организации, правни и други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања, во програмите на радио дифузерите и на Програмскиот сервис за емитување на активностите на Собранието на РМ, коишто не смеат да бидат во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект.

Исто така, во Методологијата е наведено дека примерокот врз основа на којшто ќе се извлекуваат оценки за балансот во известувањето е поставен на 10 дена. Бараме тој период да се скрати на 7 дена, бидејќи тој е природен период за извлекување на оценка (една седмица). Оценките за балансирано претставување од страна на радио дифузерите односно Јавниот сервис и трговските радио дифузни друштва, Привремената комисија ги дава за 7 дена.

Бараме најавите и меѓу најавите на определен прилог да се сметаат како составен дел од прилогот, а не да бидат изоставени бидејки искуството покажа дека честопати некои радио дифузери ги злоупотребуваат за политичко пропагирање.

Бараме, секое прекршување на Изборниот законик да се санкционира, а не како што е предвидено во Методологијата санкција да се изрекува ако за 10 дена се направат минимум десет прекршоци. Нема мало или големо прекршување на Законот. Не случајно Законикот предвидел Опомена за прво прекршување, а кај следните задолжително барање за поведување прекршочна постапка.

Многу е индикативно дека овие спорни одредби не беа во Методологијата што Агенцијата ги носеше за изборите предвидени во април и во јуни месец. Наместо да се амнестираат прекршителите неопходно е да се обезбеди правна основа за соодветна санкција за секој којшто не го почитува законот“ – стои во дописот од Заев до АВМУ кој е испратен и до тројцата други потписници на договорот, како и до амбасадите во Р.Македонија.

Спорна е и работата на Ад Хок телото кое веќе крши рокови и не може да се договори за петтиот член.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com