HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Иако е ден на шегата, сонцето денеска ќе не сака

МЕТЕО: Иако е ден на шегата, сонцето денеска ќе не сака

Први април, нови температури. Облачноста ќе биде мала, претежно висока, без никаква шанса за врнежи. Ветерот ќе биде сосема слаб. Наутро минималната температура низ котлините ќе има вредност генерално во границите помеѓу 3°С и 6°С. Највисоката вредност на дневната температура ќе има вредност во границите од 23°С до 26°С долж повардарието, а во котлините од западниот крај 21°С. Истокот очекува максимална околу 23°С во низините и околу 20°С во повисоките делови.

Во Скопје се очекува сончево и топло време. Минималната температура ќе има вредност околу 4°С, а максималната околу 24°С.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com