HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Зачестени врнежи од дожд и услови за дестабилизација

Метео: Зачестени врнежи од дожд и услови за дестабилизација

Топлиот и сончев викенд се надеваме дека добро сте го искористиле бидејќи почеткот на новата недела ќе помине во знакот на дождливото и променливо време, со тоа што се најавуваат и услови за дестабилизација со поизразени временски неприлики.

Денес ќе има повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. Температурниот минимум ќе се движи од 10 до 18, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 21 до 28 степени.

Од вторник под влијание на посвежа воздушна маса од север времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува и умерен, повремено засилен северен ветер, особено во вторник.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com