HomeДЕНЕШНАМетео: Задржување на облаците со посвежи температури

Метео: Задржување на облаците со посвежи температури

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локален слаб дожд кој особено ќе биде застапен во западните делови на земјава. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец кој наместа ќе надминува над 50 км/ч. Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 18 до 26 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно свежо со мала до умерена облачност, како и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 22 степени. УВ-индексот ќе има вредност 5.

Утре времето ќе биде променливо облачно и свежо со услови за краткотраен локален дожд, а ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com