HomeUncategorizedМетео: Дожд, облаци, пад на температурите…

Метео: Дожд, облаци, пад на температурите…

Времето денес во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во западните и јужните делови од земјата.Температурата значително ќе опадне. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и свежо со повремен пороен дожд и со слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

УВ­ индексот ќе има вредност 3. Во среда времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Поголеми количини на воден талог ќе има во западните и јужните делови од земјата, каде се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен.

Од четврток ќе преовладува променливо облачно и врнежливо, а во попладневните часови и повремено нестабилно време.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com