HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Големо освежување и невреме по жолтата фаза

Метео: Големо освежување и невреме по жолтата фаза

Метеоролозите по неколку дена на високи температури и жолта фаза очекуваат голема промена на временските прилики за попладневните часови кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а во некои делови од земјава се очекува и невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со локални врнежи од дожд и значително опаѓање на дневната температура за повеќе од 10 степени во однос на денешната и ќе се движи во интервал од 20 до 29 степени, додека утринските ќе се движат помеѓу 20 и 28 Целзиусови степени.

Од понеделник се очекува стабилизирање со постепен пораст на температурата. До вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com