HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Денеска нема сонце, времето ќе биде облачно и врнежливо

МЕТЕО: Денеска нема сонце, времето ќе биде облачно и врнежливо

Времето денеска облачно и врнежливо. Наутро врнежите ќе бидат поконцетрирани во западниот регион од земјава. Околу пладне постепено врнежите ќе се шират кон централниот дел од земјата. Попладне позначајна ќе биде локалната нестабилност, пред се во јужните делови од земјава. Повремено од овие процеси на нестабилност се очекува засилување на интензитетот на врнежите, местимично проследени и со грмежи.

Навечер се очекува преодно разведрување. Максималната дневна температура се очекува да има вредности помеѓу од 20°С до 22°С долж повардарието и котлините во источниот крај, а во котлините од западниот крај околу 19°С.

Во Скопје се очекува претежно облачно време. Дожд ќе врне повремено околу пладне и попладне, но без позначаен интензитет. Температурата ќе достигне максимални 20°С.

Позитив.мк Ви посакува убав ден 🙂

Извор: МетеоПро

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com