HomeДЕНЕШНАЕкономијаМетанот достапен на четири бензински станици – еколошко и економично гориво

Метанот достапен на четири бензински станици – еколошко и економично гориво

Макпетрол АД денеска го промовира еколошото гориво метан како нова содржина на бензинската станица „Партизанска“ во Скопје со што бројот на пумпи на компанијата на кои може да се наточи ова гориво се зголеми на четири.

Метанот не содржи ароматски соединенија, сулфур и олово и нема потреба од негово рафинирање и адитивирање. Емисијата на јаглероден диоксид е од 25 до 30 проценти помала од онаа кај бензинот и практично нема сулфур и пепел при неговото согорување.

„Двата силни фактори што ја наложуваат широката и перспективна примена на метанот се економичноста и заштитата на животната средина. Всушност просечен автомобил со погон на метан што би трошел 5 до 6 килограми метан со сегашна вредност од 170 денари, за автогас или бензин би потрошил 290, односно 620 денари“, беше истакнато на промоцијата на новото гориво на „Макпетрол“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com