HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМеси го откажа настапот на хуманитарниот натпревар во Турција

Меси го откажа настапот на хуманитарниот натпревар во Турција

Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси ја откажа посетата на Турција по обидот за воен удар, каде што денеска требаше да настапи на хуманитарен меч организиран од Ето.

Ето организира натпревар во чест на десет години од неговата хуманитарна фондација, па една од ѕвездите кои денеска требаше да настапат е и Меси.

Покрај Меси, за настанот во Анталија беа поканети и Нејмар, Суарез, Тоти, Есиен, Дрогба, Азар. Во Турција веќе отпатуваа Пујол, Абидал и Деко.

Се уште не е познато дали натпреварот ќе се одигра, а некои светски медиуми соопштија дека дуелот е откажан.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com