HomeАНТИСТРЕСХороскопМесечен хороскоп: Што ви носи Септември?

Месечен хороскоп: Што ви носи Септември?

Овен

Работа – Првиот дел од месецот ќе биде прилично напорен. Присуството на ретроградниот Меркур ќе ви донесе компликации, неразбирање со соработниците и колегите и веројатно ќе ви ги прикаже грешките и пропустите од претходниот период. Промените кои започнуваат да се случуваат не ви одат во корист и кај некои од вас може да го доведат во ризик од напуштање на работното место. Вториот дел на месецот работите ќе се променат со оглед на тоа што Јупитер влегува во вашето поле на сериозни партнерства.

Љубов – Она што за вас лично е важно е владетелот на вашиот знак во текот на цел септември да има пат низ знакот на Стрелецот, знак со силна енергија но и слобода. Оние кои моментално се осамени, нема тешко да го доживуваат тоа што се без партнери бидејќи задоволството и исполнетоста ќе ја пронајдете во контактите со пријателите, патувањата и во форма на забава. Сепак, ова не значи дека небото не подготвува љубовна можност за вас. Овновните во емотивна врска или брак ги очекува одличен период.

Здравје – Ќе биде намален вашиот енергетски потенцијал.

Бик

Работа – Иако лично во голема мера ќе бидете расположени да се посветите на работата, првата половина од месецот ќе биде прилично неповолна за вас. Тешко ќе го реализирате она што сте го испланирале, а ќе постои и проблем во договорите и комуникацијата со важните соработници и партнери. Можно е кај некои сето ова да се одрази и низ поголеми промени на кои не сте сметале или чиј обем се покажува како преголем. Другиот дел на месецот ви донесува поголема можност за солидна соработка. Сепак, бидете внимателни со финансиите и трошете ги парите внимателно.

Љубов – Слободните Бикови во првата половина од септември во голема мера ќе бидат забавени кога станува збор за емоциите. Ова ќе биде месец кога ќе започнете да го преиспитувате вашето емоционално минато, да ги барате грешките и пропустите, па дури и да се насочите кон обновување на односите со некој од поранешните партнери. Вториот дел на септември ќе ви се укаже вистинска можност. Оние во врска или во брак ќе се соочат со конфликт со саканата личност. Потрудете се да ги разрешите работите бидејќи следува прилично поголема криза.

Здравје – Тегоби поврзани со варењето на храната и стомакот.

Близнаци

Работа – Очигледно е дека пред вас претстои напнат период, особено што владетелот на вашиот знак поголемиот дел од месецот е во ретроградна состојба. Близнаците ќе мораат добро да го анализираат сето она што го работеле во претходниот период, да проверат колку нивните проекти се сигурни и да воведат промени кои веројатно нема да им се допаднат. Се’ до последната недела на септември ќе мора да се борите и со потешкотии во договорите, со доцнење и проблеми со техничките средства. Внимавајте на колега кој сака да ви изврши опструкции.

Љубов – Јупитер во овој период влегува во вашето поле на љубовта, но слободните Близнаци на вистински начин ќе можат да го искористат неговото влијание во последните фази на месецот. Имено, владетелот на вашиот знак поголемиот дел од периодот ќе биде во ретроградност. Кон крајот на месецот веројатно ќе бидете подготвени да се препуштите на магиите на новата љубов, веројатно затоа што нема да можете да ѝ одолеете на оваа личност која дефинитивно ќе го освои вашето срце и ќе ве натера да размислете за нешто повеќе од афера.

Здравје
– Обрнете внимание на имунитетот.

Рак

Работа – Полето на работата и парите како и договорите и комуникацијата со соработниците ќе бидат под притисок поради сонцето. Во првиот дел од месецот бидете внимателни со парите, а можно е договорите на кои сте сметале во последен момент да ви се лизнат од рацете. Во суштина, вториот дел на септември ќе ви биде полесна. Иако нема да се случат некои посебни промени, сепак ќе можете да здивнете и да се посветите на стабилизирање на работниот, особено финансискиот сегмент. Баш овие финансии ќе бидат болна точка за сите Ракови.

Љубов – Емотивните врски и брачните односи на Раковите во текот на септември ќе бидат пред голем испит. Вистина е дека Јупитер ќе се најде во вашиот знак, но тоа не значи дека под негова заштита ќе бидат и односите на кои одамна им „помина рокот на траење“. Од самиот почеток на периодот ќе започнат проблеми во комуникацијата со партнерот, а повеќе од веројатно е нешто што од тој момент било сокриено, ќе може конечно да излезе на светлина. Слободните Ракови ќе имаат интересна средба и дружење со интересни личности.

Здравје – Стресот и нервозата во текот на септември ќе бидат главен предизвикувач на здравствените тегоби.

Лав

Работа – Она што досега не функционираше како што треба и за кое вие веќе знаевте дека е тешко да го реализирате, ќе го достигне крајот. Лавовите ќе сфатат дека неопходни им се промени, а некои од вас ќе направат целосен пресврт во работата, додека другите ќе стават точка на моменталната работна позиција и ќе започнат да бараат нова работа која ќе ги исполни нивните потреби. Од другиот дел на месецот ситуацијата ќе започне да се расчистува и поволните околности со голема брзина ќе започнат да се појавуваат пред вас.

Љубов – Јупитер владее со вашето поле на љубовта и неговото влегување во Вагата, знакот на хармонијата и партнерството и вашето поле на комуникации, средби и нови познанства ќе ви донесе повеќе шанси. Чувството да промените некои работи во бракот или врскаа ќе бидат доста нагласени. За да ги подобрите работите потребно е да воспоставите добра комуникација и подготвеност за договор, што ќе ви овозможи Јупитер. Што се однесува до слободните припадници на знакот, ќе се откажете од поранешниот партнер со кого се обидувавте да ги обновите односите.

Здравје – Стресот ќе предизвика опаѓање на имунитетот.

Девица

Работа – Јупитер влегува во вашето поле на работа и пари кон крајот на првата половина од месецот, но неговото позитивно влијание ќе го почувствувате дури кон крајот на септември. пред тоа, пред вас е малку незгоден и прилично напорен пат. Но, не е се’ така црно – во последниот дел од месецот не ја пропуштајте можноста за промена на работното место бидејќи ќе ви се укаже одлична можност која ќе ви овозможи опоравување и стабилизација на финансиски план.

Љубов – Комплициран емотивен месец за Девиците. Оние релации во кои одамна ситуацијата не е како што треба, ќе доживеат тежок испит, па сигурно е дека некои од нив ќе престанат да постојат. Вашиот партнер нема да има доволно сила сам да ги решава проблемите кои ги имате, па добро би било да се посветите на вашата врска доколку сакате да ја сочувате. Ни слободните припадници на знакот нема да поминат лесно во текот на овој период – во првиот дел од месецот нема да знаете што сакате, па ќе има неколку љубовни афери, но ништо што ќе ви го привлече вниманието.

Здравје – Одморете се, релаксирајте се и водете здрав живот.
horosko sreka
Вага

Работа – За вас најкомплициран е самиот почеток на месецот. Многу работи ќе изгледаат неизвесно, ќе ве нервираат. Немојте да се разочарате ако не успеете да ги реализирате вашите планови. Ова е период кога треба да одлучите дали навистина ова работно место е нешто што го сакате или пак треба да барате нешто што повеќе ќе ви одговара. Ако барате работа, започнете со поголеми активности кон крајот на септември. И запомнете, ова не е месец кога се склучуваат деловни договори.

Љубов – Драги Ваги, ако сте во врска или во брак, а криете некои работи од партнерот, добро би било да размислите и да ставите крај на сето она што е тајна. Бидејќи е јасно дека рамнотежата во вашите емотивни односи е нарушена, потребно е да бидете начисто со вашиот партнер – одлучете дали сакате да останете со него или пак секој од вас да си продолжи во друга насока. Оние кои се слободни ќе сретнат една личност од минатото на која сосема заборавиле.

Здравје – Одлично.

Шкорпија

Работа – Месецот на работа ќе ви започне бурно. Турбулентно ќе биде во текот на целиот месец, а ќе ги влошите односите со шефовите и некои од вашите колеги. Мала е веројатноста ова да ви предизвика трајни проблеми, меѓутоа дефинитивно може да ве изнервира до максимум. Обидете се да се држите настрана од озборувања на работното место и да правите нешто со што ќе предизвикате да бидете тема на разговор. Бидете внимателни со вашиот колега кому му верувате бидејќи има лоши намери.

Љубов – Владетелот на вашиот знак Марс, во текот на целиот месец ќе биде во одлични планетарни кругови. Кај оние во врска или брак, ова ќе биде променлив период, бидејќи страста и желбата ќе се менуваат со навреди и расправии. Можни се тајни активности од ваша страна или од страна на вашиот партнер, а сомнежите и љубомората ќе се вовлечат во вашата врска. На тапет може да бидат вашите пријателства, такашто вашиот партнер ќе смета дека дружењето со некои личности воопшто не ви е потребно. Ако немате партнер, овој период уживајте сами, затоа што се’уште не сте подготвени за некоја посериозна врска.

Здравје – Проблеми со половината и нозете.

Стрелец

Работа – Дефинитивно, пред вас е месец на големи промени кога станува збор за вашата работа. Се’ ќе тргне турбулентно. Односот со вашите шефови ќе се влоши, а вие ќе бидете принудени на некои промени кои нема да ви одговараат. Некои Стрелци ќе бидат условени, ограничени на моменталните позиции, додека некои од вас ќе дојдат и до ситуација да останат без работа. Во овој период потребен ви е мир, трпение и секако – во никој случај не смеете да донесувате непромислени одлуки.

Љубов – Поголемиот дел од месецот Венера удобно ќе се смести во вашето поле на пријатели, излегувања, друштво, а кон крајот на првата половина од месецот неа ќе ѝ се придружи и Јупитер, владетелот на вашиот знак. Слободните Стрелци можат да сметаат дека пред нив се отвораат одлични љубовни можности. Ако сакате стабилен однос и врска која ќе трае подолго, тогаш последниот дел од месецот е совршен за вакво нешто.

Здравје – Вашата физичка и вашата физичка состојба ќе бидат на одлично ниво.

Јарец

Работа – Подгответе ги вашите нерви и трпеливост во текот на целиот септември. Можни се поголеми проблеми со странските соработници, а дефинитивно морате да обрнете внимание на комуникацијата и важните договори, бидејќи се’ покажува дека ве забавува или дека во последен момент ви излегува од контрола. Она што е најважно е да покажете прилагодување и подготвеност за компромис. Јупитер влезе во вашето поле на кариерата, но ќе морате да бидете мудри за на правилен начин да го искористите неговото влијание. Работите полека ќе започнат да доаѓаат на свое место, меѓутоа бидете трпеливи.

Љубов – Од самиот почеток на месецот работите помеѓу вас и партнерот нема да бидат баш најдобри. И двата ќе навлегувате во детали и беспотребни расправии поради најмали ситници. Оосбено периодот до крајот на првата половина на месецот ќе биде прилично комплициран и ќе ви биде потребен доста труд и од ваша страна и од страна на вашиот партнер за да го пребродите овој период. Слободните Јарци може да започнат афера на работа која ќе сакаат да ја сокријат од љубопитните очи.

Здравје
– Повеќе физичка активност.

Водолија

Работа – Кај Водолиите работата ќе претрпи големи промени во текот на септември. Ќе се соочите со криза и промени во партнерствата со што ќе дојде до ситуација со која ќе имате проблем да излезете на крај. Јасно е дека ќе имате големи проблеми со потребните финансиски средства, а можно е некои пари на кои сте сметале, да не дојдат тогаш кога најмногу ви се потребни. Но, не е се’ така црно. Очекувајте и пресврт и нова соработка со што ќе се променат работите па ќе добиете дополнителни ангажмани – а дополнителните ангажмани значат подобар финансиски сегмент.

Љубов – Сонцето го претставува вашиот емотивен или брачен партнер, а почетокот на септември ќе биде помрачено. Очигледно е дека саканата личност во овој период ќе се соочи со големи промени, па ќе биде неопходно да бидете спремни да му помогнете и да му бидете рамо за плачење. Постои тенденција некој од вас да се оддалечи од партнерот, не сфаќајќи дека неговото однесување во суштина покажува дека има големи лични проблеми со кои се бори. Слободните Водолии ги очекуваат помали љубовни можности.

Здравје – Направете крвна слика и проверете ја состојбата.

Риби

Работа – Септември е месец кој ќе ги тестира вашите нерви на работен план. Соработката и партнерствата ќе бидат на голем испит во текот на првиот дел од овој период. Исто така, вашиот однос со вашите надредени може да биде полош и јасно е дека ќе бидете под притисок поради одредени рокови, но сметајте дека вашите шефови ќе упатуваат само критики до вас. Згора на тоа, вашата концентрација и организираност се на нула, па можни се пропусти и грешки, особено кога станува збор за договори, комуникации и соработка.

Љубов – Оние во брак или во врска нека се држат цврсто овој месец. На самиот почеток на септември може да дојде до големи проблеми во вашите емотивни релации. Ќе летаат обвинувања и од вашата страна и од страна на вашиот партнер, а јасно е дека немда да дојде до решение туку само дополнително навлегување се’ подлабоко во проблемите. Оние кои се слободни ќе се најдат во ситуација во која нема да можете да излезете на крај.

Здравје – Психичкиот притисок негативно ќе влијае врз вас.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com