HomeДЕНЕШНАРепубликаМермерното езеро е чисто и безбедно, потврди анализата

Мермерното езеро е чисто и безбедно, потврди анализата

Новата летна атракција, Мермерното езеро во Прилеп, според анализите на Центарот за јавно здравје има чиста вода која е сосема безбедна за капење и е од прва класа.

„Повеќето физички параметри кои ги испитуваме се од прва категорија на безбедни води за пливање, освен тоа што водата е нешто поматна и помал е вкупниот кислород во неа, но не претставува никаква опасност за здравјето. Водата е микробилошки исправна за капење, во моментов нема никакви загадувања“, вели Гоце Ингилизов директор на Центарот за јавно здравје од Прилеп.

Од Центарот за јавно здравје посочија дека водата ќе ја проверуваат на секои 15 дена но, препорачуваат на претпазливост бидејќи езерото нема сопственик ниту некој што би се грижел за хигиената и безбедноста.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com