HomeДЕНЕШНАСветМеркел – терористи се „шлепале“ со мигрантите

Меркел – терористи се „шлепале“ со мигрантите

Германската канцеларка Ангела Меркел веќе и отворено говори за сомнежите дека меѓу илјадниците мигранти кои пристигнаа во Германија и ширум Европа никој не може да гарантира дека нема и терористички групи чија задача била токму таа, тивко да ги преминат границите, да се втопат во одредена средина и полека да планираат големи терористички напади.

germany-refugees

„Сите овие млади луѓе можеби немаат струја, но за малку пари сите тие имаат смарт телефони. Сите тие можат да видат како е на други места во светот. Овие луѓе треба да добијат перспектива во Африка и ние мора да им помогне на тој пат. Во спротивно, сите ќе се обидат да отидат некаде на друго место, а тоа не е добро за тие земји и секако тоа не е добро за нас“, рече Меркел.

Меркел смета и дека Европа, вклучувајќи ја и Германија ќе ја гарантираат својата безбедност само доколку помогнат во кризните региони да се создаде перспектива за младите наместо да се вртат кон радикализмот и да станат нови терористи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com