HomeДЕНЕШНАСветМеркел призна дека ЕУ лошо се справува со бегалската криза

Меркел призна дека ЕУ лошо се справува со бегалската криза

Германија и Европската Унија премногу долго мижеа пред гоелмиот проблем предизвикан од бегалската криза во хуманитарна смисла, но и за многу последици врз европските вредности. Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека не постои сеопфатно паневропско решение со кое ќе се намали притисокот врз границите, а овој процес ќе биде подолг и макотрпен и потребно е големо трпение во Европа.

Нејзината партија секако ќе претрпи политички последици и ќе загуби дел од гласачите поради фобијата која се создава кон мигрантите, а таа пред една година реши целосно да им ги отвори вратите како најхумано решение.

Самокритичноста на Меркел за мигрантските политики не значи дека таа им ја префрла вината на самите мигранти кои се наречени терористи бидејќи според неа голем дел од нив се чесни и настрадани луѓе, но секако безбедносните ризици не смеат да се занемарат.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com