HomeДЕНЕШНАЕкономијаМерката за вработување млади до 29 години истекува – до денес вработени 12 илјади

Мерката за вработување млади до 29 години истекува – до денес вработени 12 илјади

 

Се ближи крајот – завршува мерката за вработување на млади до 29 години, а досега се реализирани 12.000 вработувања на оваа категорија. Ова го истакна заменик­ министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска при посета на чевларска фирма во Куманово, каде се ангажирани 180 вработени, од кои 57 се млади вработени лани и во тековната година.

Спасов додаде дека оваа мерка завршува денеска. „После две години слободно можам да кажам дека ја постигна својата цел, дека е една од најупсешните мерки кои ја имаме реализирано како МТСП и преку Агенцијата за вработување. Мерката за вработување на млади до овој момент вроди со цели 12.160 вработувања“ – изјави Спасов.

Диме Спасов нагласи и дека мерката започнала да се реализира во март 2014 година. Со проектот за вработување млади лица до 29 години, започнала и иницијативата за воведување на проектот „Македонија вработува”, и истата мерка им помага на компаниите за проширување на бизнисот и за зголемување на бројот на вработени, што претставува добар резултат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com