HomeРЕФЛЕКТОРФилмМел Гибсон чека девето дете!

Мел Гибсон чека девето дете!

После две години врска, Мел Гибсон и неговата партнерка Росалинд Рос дознале дека ќе добијат бебе. И додека медиумите пишуваат за разликата во годините меѓу 60-годишниот актер и неговата 34-годишна сопруга, парот не се оптеретува со тоа и се подготвува за проширување на семејството. Холивудскиот актер се заљубил во Росалинд откако ја вработил во сопствената продуцентска куќа.

mel-gibson-i-rosalind-ros

Во врска се две години и ова ќе биде нивно прво дете. Парот не размислува за стапување во брак, бидејќи, како што и двајцата тврдат, тие се среќни и без да потпишуваат некакви документи. Ова ќе биде девето дете на Мел Гибсон, кој има седум деца со забната техничарка Денис Мур. Актерот има и тројца внуци, а пред седум години доби и ќерка со руската пијанистка Оскан Григориева.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com