HomeРЕФЛЕКТОРФилмМел Гибсон го снима продолжението на „The suffering and crucifixion of the Christ Jesus“

Мел Гибсон го снима продолжението на „The suffering and crucifixion of the Christ Jesus“

Мел Гибсон ќе се обиде да ја оживее својата кариера преку снимање на продолжението за филмот „The suffering and crucifixion of the Christ Jesus“. Заедно со Мел Гибсон на овој филм ќе работи и сценаристот на филмот „Brave heart“ Рандал Волас, кој потврди дека фокусот е ставен на христовото воскреснување.

„Од секогаш сум сакал да ја раскажам оваа приказна, првиот дел беше само вовед има уште многу работи кои треба да бидат раскажани“, изјави Волас. Продолжението се уште е во преговори и не е познато со колкав буџет располага. Гибсон во 2004 година режираше приказна за распнувањето на Исус Христос, а филмот ширум светот заработи повеќе од 612 милиони долари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com