HomeДЕНЕШНАСветМеланија Трамп и го украла говорот на Мишел Обама?

Меланија Трамп и го украла говорот на Мишел Обама?

Дел од говорот на Меланија Трамп за време на конвенцијата на Републиканската партија изгледа е украден, пренесува „Франс прес“.

46-годишната поранешна манекенка излезе на подиумот со својот сопруг Доналд Трамп во понеделникот вечерта, за да ги убеди Американците во силата, која ја поседува американскиот милијардер, потребна за да управува со САД.

Според американските медиуми, во неколку реченици од лекциите кои ги научила од своите родители и важноста на истите со нејзиното искуство кон сопствените деца, од збор до збор цитирала говор на Мишел Обама која таа го одржа на Конвенцијата на Демократите во 2008 година.

-Мораме да ги проследиме тие лекции до новите генерации затоа што сакаме нашите деца да знаат дека единствена граница за нивните постигнувања е силата на нивните соништа и нивната подготвеност да се обидуваат околу нив – рече Меланија.

Во говорот од 2008 г. Мишел рекла: „Барак и јас ги изградивме нашите животи на темели на тие вредности и сакаме да им ги пренесеме на следните генерации, бидејќи сакаме нашите деца и сите други деца во оваа земја да знаат дека единствена граница за нивните постигнувања е силата на нивните соништа и нивната подготвеност да се борат околу нив“.

Во коментарот на тимот на Трамп не се споменува ништо околу ова, освен дека во нејзиниот говор се почуствувало нејзиното мигрантско искуство и љубовта кон Америка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com