HomeДЕНЕШНАСветМексикански милијардер: Луѓето треба да работат три дена во неделата

Мексикански милијардер: Луѓето треба да работат три дена во неделата

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим смета дека три работни дена во текот на неделата би била идеална опција за модерниот човек, неговите потреби и можности. Луѓето денес живеат подоголго, тие се поздрави, не се присилени на тешки физички работи, објаснува Слим.

„Денешната цивилизација бара повеќе знаење и искуство, а помалку физичка подготвеност. Мислам дека би требало покасно да се оди во пензија, а да се работи три дена неделно“, истакна Слим.

Karlos-Slim-f2

Соопштено е дека мексиканскиот милијардер ова не го изјавил од чист алтруизам, туку раководејќи се според работната логика: радикалното скратување на работната недела би значело можност за отварање на повеќе нови работни места и би обезбедило поголема динамика. Ако луѓето бидат слободни четири дена во неделата, не само што ќе го зголемат квалитетот на својот живот, туку тоа ќе доведе и до поголем раст на туризмот, индустријата, забавата, спортот, па и образованието.

Сопственикот на мексиканската телекомуникациска компанија бил своевремно најбогат човек во светот, а денес се наоѓа на седмата позиција на листата на „Форбс“ од најбогати луѓе во светот. Неговото богатство е проценето на 49.1 милиони долари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com