HomeДЕНЕШНАСветМедицински хеликоптер се урна во Словачка – Загинаа спасувачите и пациентот

Медицински хеликоптер се урна во Словачка – Загинаа спасувачите и пациентот

Спасувачки хеликоптер се урна во централна Словачка и при падот загинаа тројца припадници на спасувачки тим и пациент кој бил пренесуван, изјави во портпаролката на приватната спасувачка служба „Air Transport Europe“.

Остатоците од хеликоптерот и четирите тела се пронајдени во четвртокот утрото во областа Стрелник, планински крај во близина на Банске Бистрице, околу 240 километри источно од словачката престолнина Братислава.

Засега не е позната причината за падот на хилекиптерот од типот „Bell 429“ кој летал кон болницата во регионалниот административен центар Банске Бистрице.

Портпаролката на службата Зузана Хопјакова изјави дека неколку часа пред да биде потврден падот на леталото, хеликоптерот надлетувал локална шума Словенски Рај која е национален парк каде ја извршувал мисијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com