HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР демантира дека обезбедувањето на Груевски упаднало во Тв21

МВР демантира дека обезбедувањето на Груевски упаднало во Тв21

Министерството за внатрешни работи денеска демантира дека припадниците на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски упаднале во „ТВ21“. Тие, како што ссе наведува во соопштението, дејствувале во согласност со планот и со задачите.

„Припадниците од Министерството за внатрешни работи кои се дел од одделот за обезбедување, во текот на вчерашниот ден постапуваа во согласност со планот и со задачите. Заради оперативните сознанија кои ги имаат за потенцијални ризици, службените лица легитимирале еден граѓанин кој без да се идентификува почнал да снима“, стои во демантот.

Од МВР наведуваат дека обезбедувањето го замолило лицето да ги избрише снимките што ги направило.

„Според нивниот исказ, тоа се случило во угостителски објект (кафуле), а не во телевизија како што беше објавено во некои медиуми“, стои во демантот и се додава дека доколку има каква било претставка против нив, Одделот за внатрешна контрола ќе постапува по истата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com