HomeАНТИСТРЕСХуманостМајкл Џордан донираше пет милиони долари за изградба на музеј

Мајкл Џордан донираше пет милиони долари за изградба на музеј

Славниот кошаркар Мајкл Џордан донираше пет милиони долари за изградба на нов музеј за афро-американската историја кој ќе биде отворен од 24 септември, а во знак на благодарност, музејот својата галерија за спорт ќе ја нарече по Џордан. Исто така Џордан му поклонил и свој дрес на музејот кој го носел во 1996 година во финалето на НБА.

„Благодарен сум за приликата да му помогнам на овој музеј. Исто така сум благодарен на историскиот придонес на спортистите како Џеси Овенс кој со својот талент, посветеност и упорност ги сруши расните бариери и го постави темелот за успешните кариери на бројни Афроамериканци во спортот и пошироко“, истакна Џордан.

Директорот на музејот Лони Банч смета дека поклонот на Мајкл Џордан ќе му помогне на музејот во истражувањето како црнците го промениле спортот и американското друштво.

Dzordan-f2

„Многу му сме благодарни на Мајкл Џордан за поддршката. Неговиот поклон ќе им овозможи на нашите посетители да видат како спортот рушел бариери и бил пат кон потполна прифатеност во американското друштво“, вели Банч. Минатиот месец Џордан Јавно зборуваше за расните тензии во Америка со надеж дека ќе се намалат конфликтите со Афроамериканците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com