HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМајкл Џексон сакал да се ожени со 12-годишно девојче?

Мајкл Џексон сакал да се ожени со 12-годишно девојче?

Мајкл Џексон сакал да се ожени со 12-годишно девојче – Хариет, ќерка на британскиот актер Марк Лестер. Тој бил опседнат со неа, уште кога таа имала на 5 години, а кога наполнила 12 години, неговата опсесија била толку силна што сакал да се ожени со неа колку што е можно поскоро.

Ова го откри докторот на покојниот крал на поп музиката, Конрад Мареј, чија книга „Тоа е тоа“ излегува во продажба во вторник, објавија Сандеј експрес и Дејли мејл.
Поради возраста на девојката, Мајкл Џексон барал како може легално да склучи брак со неа. Еден од можните начини бил да најде земја каде тоа е дозволено.

Лекарот на Мајкл Џексон, кој по неговата смрт беше прогласен за виновен за убиство без предумисла и лежеше две години во затвор, тврди дека пејачот бил вљубен и во 11-годишната Ема Вотсон, кога таа играла главна улога во „Хари Потер“. Затоа, ако свадбата со Хариет биде невозможна, тој се надевал да се омажи за Вотсон. Во својот дом во Лос Анџелес тој држел нејзина картонска фигура во природна големина.

Мајкл Џексон енергично ги негираше гласините дека му се допаѓаат мали деца. Тој, сепак, плати милиони долари како компензација на семејствата на мали момчиња кои го обвинија за сексуални напади. Случајот за педофилија против пејачот во 2005 година не успеа да докаже ништо.

Мајкл Џексон почина во 2009 година. Неговиот албум „Трилер“ е најпродаван на сите времиња.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com