HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМајкл Џексон му обезбеди финале на Даниел Кајмакоски во ТЛЗП

Мајкл Џексон му обезбеди финале на Даниел Кајмакоски во ТЛЗП

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, во синоќешното полуфинале бриљираше во ликот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон. Тој без проблем го долови гласот на кралот  во првата нумера „Dirty Diana“ , а во вториот дел од настапот ги покажа своите танцувачки способности во нумерата „Thriller“. Нашиот претставник заедно со Ивана Петерс, Никола Роквиќ и Неша Бриџис влегоа во големото финале, додека српската пејачка Катарина Остојиќ-Каја триумфираше имитирајќи ја британската пејачка Адел.

Од друга страна пак останатите учесници на шоуто Ѓоша, Дара Бубамара,Сузана Манчиќ, Ана Грубин и Халид Муслимовиќ се елиминирани и нема да имаат прилика во финалето да се борат за главната награда од 25.000 евра.

Новата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“ се ближи кон крајот, па синоќешната епизода донесе неколку новитети -првпат во оваа сезона шоуто се емитуваше во живо и немаше место за грешка, а покрај гласовите од жирито и учесниците на шоуто во гласањето учествуавше и публиката преку смс-пораки.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com