HomeРЕФЛЕКТОРФилмМајкл Китон доби ѕвезда во Холивуд

Мајкл Китон доби ѕвезда во Холивуд

Американскиот актер Мајкл Клинтон, познат по филмовите „Бетмен“ и „Човек птица“, доби ѕвезда на стазата на славни во Булеварот Холивуд во Лос Анџелес. 64-Годишниот актер на церемонијата во Холивуд одржа шеговит говор со политички изјави, во кој се потсети на своите добри и лоши моменто во кариерата.

Majkl-Kiton 1

„Ако кажам дека ова е сон тоа нема да биде точно, бидејќи никогаш не сонував да бидам славен. Чудно, но навистина не сум размислувал за тоа, секогаш само сакав да бидам добар во нешто и тоа е се“, истакна Китон. Мајкл Китон во 2015 година го освои Златниот глобус и номинацијата за Оскар за улогата во филмот „Човек птица“.

Исто така доби пофалби и за улогата во филмот „Рефлектор“ за педофилие во црквите, кој оваа година беше награден со Оскар за најдобар филм.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com