HomeРЕФЛЕКТОРДизајнМашини за перење како улично осветлување во градот Камара де Лобос

Машини за перење како улично осветлување во градот Камара де Лобос

Португалскиот град Камара де Лобос се подготвува за престојниот фестивал „Сан Педро“, а она што најмногу го привлече вниманието од досегашните подготовки се стари барабани од машините за перење искористени како улични светилки.

svetlo masini za perenje 2

Автор на проектот наречен „Сон на летната ноќ“ е Театро Метафора,  млада непрофитна организација, формирана од страна на група пријатели, чија основна цел е преку визуелниот аспект да се поттикне зачувувањето на животната средина.

svetlo masini za perenje 3

За оваа изработка биле потребни шест месеци работа и цврста соработка меѓу волонтерите и градските власти со што се покажало дека со малку креативност и многу волја од нешто што изгледа целосно неупотребливо, може да се создаде нешто во кое ќе ужива секој.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com