HomeДЕНЕШНАСветМасовни протести во Окинава против американските воени бази

Масовни протести во Окинава против американските воени бази

Десетици илјади луѓе се собраа во неделата на еден од најголемите протести на јапонскиот остров Окинава во последните две децении против американските воени бази по повторените инциденти, а истовремено организиран е сличен протест и пред парламентот во јапонската престолнина Токио.

Околу 50.000 демонстранти се гневни поради последните два инцидента, убиството на младата 20-годишна Јапонка чиешто тело подоцна е фрлено во обид да биде сокриено и несреќа предизвикана под дејство на алкохол за кои се осомничени 31-годишноа американско цивилно лице вработено во американската воена база на Окинава и американски маринец.

Американскиот претседател Барак Обама, кој во мај престојуваше во Јапонија на самитот на седумте индустриски најразвиени земји Г7, изрази „длабоко жалење“ поради смртта на младата Рина Шимабукуро, во чувствителниот момент кога САД планираат проширување на воените капацитети на Далечниот исток.

Последниот протест ги загрозува плановите за преселување на американската воздухопловна воена база од Футенма во Хеноко, на североисточниот дел од архипелагот. Базата Футенма, којашто се наоѓа во градот Гинован, треба да биде преместена во помало населено крајбрежно подрачје на островот, меѓутоа жителите на Окинава повеќе не сакаат никакви бази и американски војници на својата територија.

САД и Јапонија договорија уште во 1996 година затворање на базата во Футнема откако тројца американски војници силуваа 12-годипна Јапонка, што предизвика масовни протести против американското присуство во Јапонија.

Споменатиот јапонски архипелаг кој го окупирале Американците по Втората светска војна на Јапонија ѝ е вратен дури во 1972 година. Во Окинава се распоредени речиси половината од 47.000 американски војници на служба во Јапонија, а станува збор за присилен соживот, бидејќи локалното население лошо го прифаќање присуството на странските војници. Жителите сметаат дека присуството на толкав број американски војници на островот создава услови за криминал, особено за неретките силувања и злоставувања.

Американскиот претседател Барак Обама следната седмица ќе учествува на состанокот на седумте најразвиени земји од групата Г7 во Јапонија и притоа ќе ја посети Хирошима, како прв актуелен американски претседател кој тоа ќе го стори, но нема да се извини поради атомската бомба којашто американската армија ја фрлила во 1945 година врз овој град.

Во Јапонија се чести масовните протести против планот за изградба на нова американска воена база на Окинава. Со проектот се предвидува префрлување на американската воена воздухопловна база од Футенма во Хеноко, во североисточниот дел на архипелагот. Базата Футенма, која се наоѓа во градот Гинован, би требало да се премести во помалото населено крајбрежно подрачје на островот Окинава. Меѓутоа, тамошното население повеќе не сака никакви воени бази на островот.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и американскиот претседател Барак Обама ја повторија својата подготвеност за преместување на базата Футенма на самитот на 29-ти април во Вашингтон. Меѓутоа, жителите на овој архипелаг со години се спротиставуваат на американското воено присуство и подготвеноста на десничарската влада на Абе да ја преместат воздухопловната база Футенма, што го посакуваат САД во намерите за нивното поголемо воено присуство на Пацификот.

Интензивирањето на напорите за селењето на базата доаѓа во време која Вашингтон сé почесто му забележуваат на Пекинг дека ја демонстрира кинеската надмоќ во регионот, особено во спорните води на Јужното Кинеско Море, каде што Кина води територијални спорови со повеќе земји, вклучително и со Јапонија. Од почетокот на годинава, склучени се и договори за зголемување на бројноста на американските војници постојано распоредени во базите во Австралија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com