HomeДЕНЕШНАСветМасовна тепачка на московските гробишта – тројца мртви

Масовна тепачка на московските гробишта – тројца мртви

Три лица загинаа во масовна тепачка на гробишта во Москва. Двајца од нив загинале, удрени од автомобил, обидувајќи се да избегаат од гробиштата. Во тепачката учествувале најмалку 400 лица, пренесоа светските агенции. Конфликтот настанал заради распределба на териториите за нудење на гробни места.

Употребено е огнено оружје. На местото беа испратени делови на специјалните сили ОМОН за задушување на тепачката. Полицијата приведе 50 учесници и го заплени употребеното огнено оружје. На местото на инцидентот пристигна директорот на московската полиција Анатолиј Јакунин, пренесе ТАСС, цитирајќи ја неговата изјава дека органите на прогонот ќе сторат сé за да ги утврдат сите учесници во конфликтот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com