HomeДЕНЕШНАРегионМасовна тепачка за тазе бурек

Масовна тепачка за тазе бурек

Девет млади лица во Бања Лука ноќеска направиле вистински хаос, верувале или не, за бурек. Тепачката настанала помеѓу две групи момчиња кои чекале ред пред пекарата. Во еден момент се степале, а полицијата дошла и привела едно лице кое било утврдено дека е пијано. Останатите учесници во тепачката се повикани на информативен разговор. Граѓаните кои сведочеле на тепачката велат дека избила од нетрпение за тазе бурек. Неколку момчиња се полесно повредени, а на заминување со автомобилот битнале и еден сообраќаен знак.

Знаевме дека сите Балканци се „зависни“ од бурек, но не и дека се толку нетрпеливи за да стигнат до него.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com