HomeДЕНЕШНАПолитикаМасовен протест пред Владата – Опозицијата најави враќање на институциите

Масовен протест пред Владата – Опозицијата најави враќање на институциите

Демонстрантите својот главен протест ќе го одржат пред Владата на РМ откако револтирано реагираа пред канцелариите на Иванов на Рекорд и пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Се скандира: Оставка! Доле влада! Затвор за лопови! Револтираните граѓани маваа и со јајца кон објектот на владата кој исто така е под огромно полициско обезбедување. Опозицијата како што најави излезе на улица за да бара правда и да му помогне на народот да си ги врати институциите.
На протестот пристигна и целото раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, како и помалите опозициски партии. Последните најави се дека поворката подоцна повторно ќе се упати кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се испрати порака за крај на неодговорното владеење и целосно рушење на договорот од Пржино.

Веќе се проширија и гласини дека контрадемонстранти исто така се подготвуваат да демонстрираат, но тие се упатуваат кон седиштето на СДСМ на Бихачка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com