HomeДЕНЕШНАРегионМаскирани напаѓачи од превртен џип пукале кон жители на босанско село

Маскирани напаѓачи од превртен џип пукале кон жители на босанско село

Маскирани лица вчера отворија оган врз локалани жители, кои дошле да им помогнат по сообраќајна несреќа на магистралниот пат Приједор-Сански Мост во северозападниот дел на Босна и Херцеговина.

Како што јави Танјуг, жителите од блиското село Ракелиќ поправале голема дупка на патот, кога на нив налетало теренско возило кое се движело со голема брзина. Поради неприлагодената брзина, џипот се превртел и се запалил. Кога жителите се обиделе да им помогнат на повредените патници, тие излегле од возилото со фантомки на лицата и почнале да пукаат кон нив.

Според првичните информации, никој од жителите не е повреден, а лицата кои отвориле оган се во бегство. Истрагата за случајот е во тек.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com