HomeДЕНЕШНАСвет„Марш за Европа” – илјадници Британци на улиците на Лондон

„Марш за Европа” – илјадници Британци на улиците на Лондон

Во Лондон денска се одржува протест против резултатите од референдумот одржан на 23 јуни, на кој се изгласа излегување од Европската унија. Според британските медиуми, повеќе илјади Британци маршираат низ Лондон во знак на протест – пренесува Макфакс.

„Можеме да спречиме Брегзит така што ќе одбиеме да го прифатиме исходот на референдумот како конечна одлука и ќе го тргнеме прстот од копчето за самоуништување“, вели организаторот на протестот Киран Мекдермот.

„Не смееме следната генерација да оставиме да ја однесе водата. Да маршираме, да протестираме и да го спречиме Брегзит“, напиша тој на фејсбук.

Можните наследници на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој по референдумот најави оставка, се залагаат за одлагање на процесот за излегување од ЕУ.

Еден од конкурентите за позицијата претседател на Конзервативната партија, Мајкл Гоув, изјави дека не очекува дека членот 50 на Лисабонската спогодба, со чија активација се покренува процес за излегување од Унијата, ќе биде активиран до крајот на годината, а слично изјави и другата кандидатка за лидер на ториевците, Тереза Меј.

Лидерите на ЕУ од друга страна, бараат што побрз „развод“, стравувајќи од влијанието на неизвесната иднина на Британија по економскиот раст и можниот домино ефект во евроскептичните членки на унијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com