HomeДЕНЕШНАСветМарш во Берлин, илјадници луѓе бараат легализација на марихуаната за медицински потреби

Марш во Берлин, илјадници луѓе бараат легализација на марихуаната за медицински потреби

Под мотото „Легализацијата е во воздухот“, повеќе од четири илјади луѓе маршираа на улиците во Берлин, барајќи да се легализира марихуаната. Учесниците во маршот парадираа почнувајќи од главната железничка станица во германската метропола, продолжувајќи до Министерството за здравство па се до Градското собрание.

Многу од поддржувачите на марихуаната носеа табли на кои пишуваше: „Мојот мозок ми припаѓа само на мене“ и „Канабисот е мојата медицина“. Полицијата во Германија толерира поседување само на помали количина марихуана, но не е целосно легализирана. Луѓето од протестот испратија порака до Владата да ја одобри употребата на марихуана во медицински цели и кривично да не се гонат нејзините корисници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com