HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМартинез: Имаме пари да го задржиме Лукаку

Мартинез: Имаме пари да го задржиме Лукаку

Getty Images

Менаџерот на Евертон Роберто Мартинез изјави дека воопшто не е загрижен од интересот кој другите клубови го пројавуваат за трансфер на Ромелу Лукаку, бидејќи смета дека клубот е спремен да им парира на ривалите. Лукаку имаше одлична сезона и до сега успеа да постигне 25 погодоци во сите натпреварувања, а шпекулациите за негово можно заминување од Евертон земаа замав после неговата изјава дека би сакал да игра во Лигата на шампионите следната сезона.

„Не треба да се плашиме од тоа дека би можеле да го загубиме Лукаку, бидејќи сме во позиција во која финансиски можеме да се натпреваруваме против било кој клуб од светот на фудбалот. Работите многу се променија кога станува збор за тоа прашање. Не е необично да се појавуваат шпекулации околу негово заминување, бидејќи тој игра на врвно ниво. Секој треба да се труди да игра на тоа ниво, а овде сите се трудиме да оствариме успех и да играме во Лигата на шампионите“, изјави Роберто Маринез.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com