HomeДЕНЕШНАЕкономијаМаркетинг Кингдом како еден од најголемите маркетинг настани доаѓа и во Скопје

Маркетинг Кингдом како еден од најголемите маркетинг настани доаѓа и во Скопје

По феноменалниот успех во 14 различни држави во Европа, Централна Азија, Блиски Исток и Северна Африка, Marketing Kingdom, еден од светските најголеми маркетинг настани, конечно доаѓа и во Македонија, на 30 Септември во Скопје.

Ania Jakubowski Coca Cola
Еднодневната маркетинг екстраваганција започнува со презентација за креирање иконична содржина од Ania Jakubowski, генерален менаџер за Полска и Балтичкиот регион во Coca-Cola. Регионалните маркетинг професионалци кои што ќе присуствуваат на настанот ќе бидат во можност да ја слушнат извонредната презентација на Heather Mitchell, глобален директор на социјални медиуми и односи со јавност во Unilever Hair Care, потоа Jesse Ringham, менаџер за дигитални комуникации во Tate Museum,  Amy Gray, директор за туризам во Visit Britain и Jamal Al Mawed, регионален менаџер на комуникации во Блискиот Исток, Централна Азија и Латинска Америка во Rolls Royce Motor Cars.Marketing Kingdom Baku 2013Маркетинг Кингдом Скопје ќе заврши со презентацијата  за важноста од градење на цврста глобална репутација на Mary Jo Jacobi, поранешен потпретседател на комуницкации во BP America и Patrick Jephson најпродаван автор според New York Times и поранешен личен секретар на Принцезата Дајана.Marketing Kingdom Zagreb 2014Организиран од Пи Ворлд и прв пат одржан во Хрватска во 2011, денес Маркетинг Кингдом е еден од најбараните светски маркетинг настани. Конференцијата се одржува годишно во 14 различни држави, вклучувајќи ги Азербејџан, Катар, Турција, Грузија, Мароко, Либан, Египет и Јордан и претставува регуларен собир  за највосхитуваните брендови во светот.Mary Jo JacobiЗа повеќе информации за агендата и цените за Маркетинг Кингдом Скопје, Ве молиме посетете ја официјалната веб страна на Пи Ворлд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com