HomeДЕНЕШНАСветМарихуаната за прв пат дел од државниот саем на САД

Марихуаната за прв пат дел од државниот саем на САД

Десет билки од Марихуана ќе бидат прикажани во државниот саем Орегон следниот петок, што ќе биде прв таков настан во САД. Тоа претставување на младите билки ќе го доближи одгледувањето на марихуана до класичното земјоделство, за помалку од една година од кога гласачите во Орегон ја легализирале употребата на марихуаната.

Работничкиот совет за одгледување на канабис соопшти дека со ова за прв пат стабилноста на марихуаната ќе биде прикажана на некој државен саем во САД. Портпаролот на музејот изјави дека билките со марихуана ќе бидат сместени во провиден шатор со засилено обезбедување и дека на малолетниците нема да и биде дозволен пристап до шаторот.

Марихианата наменета за уживање е нелегална во 46 сојузни држави, иако во Орегон каде нејзиното одгледување цвета е легализирано. Орегон со легализирањето на марихуаната во рекреативни цели за четири пати ги зголеми своите даночни приходи на годишно ниво.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com