HomeРЕФЛЕКТОРФилмМарго Роби, актерка и „мајстор“ за тетоважи

Марго Роби, актерка и „мајстор“ за тетоважи

Слободното време австралиската актерка Марго Роби го користи и за тетовирање, но не на себе туку на други! Нејзините „жртви“ во главно се познаници и пријатели. Гостувајќи во емисијата „The Tonight Show“, 26-годишната актерка му открила на американскиот водител Џими Фалон, но и на гледачите, дека преку интернет купила машинка за тетовирање.

Ѕвездата на акциониот филм „Suicide Squad“, чекор по чекор, успеала да специјализира за тетовирање на ножни прсти и тоа од долната страна. Својот „занает“ го имплементира на своите колеги и пријатели, меѓу кои е и познатата манекенка и фотомодел Кара Делевињ. Марго Роби со гордост вели дека е автор на педесетина тетоважи, најмногу знаци, но и тоа дека туѓата кожа ја украсува и со цртеж на девојче со балон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com