HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМанчини: Пристигнува Банега

Манчини: Пристигнува Банега

Фудбалерот на Севиља Евер Банега ќе биде нов играч на Интер од следната сезона, потврди тренерот на италијанскиот клуб Роберто Манчини. Аргентинецот како слободен фудбалер би требало да премине во редовите на Интер бидејќи му истекува договорот, иако од Севиља тврдат дека по бројот на натпревари го исполнил условот за автоматско продолжување на договорот.

„Банега има квалитет и карактер, ќе ни биде од голема помош“, изјави Манчини. Банега веќе две години е еден од клучните фудбалери во играта на Севиља, со која ја освои Лига Европа, а во среда го очекува и ново финале против Ливерпул во Базел. Во текот на својата кариера играше уште за Бока Јуниотс, Валенсија и Атлетико Мадрид.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com