HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМанчестер Сити договори уште едно засилување!

Манчестер Сити договори уште едно засилување!

Трансферот е практично завршен, а цената вистинска „ситница“, 47 милиони евра! Лерој Сане го делат денови од потпис со Манчестер Сити. Тој би требало да допатува на островот најверојатно во понеделник по завршувањето на Европското Првенство и ако ги помине медицинските прегледи ќе биде нов член на „Граѓаните“.

Sane

Шалке немаше други решенија после понудата од Сити, можеби најталентираниот фудбалер во Бундеслигата ќе го чини Гвардиола 47 милиони евра. Тој ќе биде четвртото засилување за Сити, бидејќи во клубот веќе пристигнаа Гундоган, Нолито и Зинченко, а еден од директорите Феран Соријано вели дека тоа не е се.

Пет или шест засилувања ќе стигнат на „Етихад“, медиумите шпекулираат со имињата, многумина веруваат дека следен ќе биде Џон Стоунс од Евертон, но нема никаква потврда околу тоа. Соријано истакна дека работата околу Сане е завршена, како и тоа дека клубот е во напредни преговори за уште двајца фудбалери.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com