HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМанчестерското дерби би можело да биде најскапиот натпревар во историјата на фудбалот!

Манчестерското дерби би можело да биде најскапиот натпревар во историјата на фудбалот!

Предстоечкото премиерлигашко фудбалско дерби во Манчестер меѓу најголемите градски ривали Јунајтед и Сити би можел да биде најскапиот натпревар во историјата на фудбалот. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во сабота во 13:30 часот на „Олд Трафорд“ ќе го пречекаат градскиот ривал Манчестер Сити, во натпревар од четвртото коло на англиската Премиер лига.

Екипите ги предводат едни од најтрофејните тренери на денешницата Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, а трансферите на 22 фудбалери кои се очекува да излезат на теренот вредат неверојатни 670 милиони фунти. Како што пренесува „Sky Sport“ предвидениот прв состав на Јунајтед чини 305,55 милиони фунти, вклучувајќи го и најскапиот фудбалер во светот Пол Погба кој ова лето се врати во Манчестер за сума од 93.25 милиони фунти. Во тимот се очекува да бидат и Марсијал (57.5), Лук Шо (28), како и Хуан Мата (37.1), Ерик Бејли (30), Фелаини (27.5) и капитенот Руни (27).

Во тимот ќе биде и Златан Ибрахимовиќ кој ова лето како слободен играч премина од ПСЖ во Јунајтед. Тимот на Манчестер Сити пак за ова дерби ќе изнесува вкупно 321.85 милиони фунти, а меѓу другите во тимот ќе бидат и Кевин Де Брујн (54.5), Џон Стоунс (50), Рахим Стерлинг (49) и Лерој Сане (37).

„Sky Sport“ излезе со податок дека до сега најскап натпревар во историјата на фудбалот е средбата од октомври минатата недела, кога во „Ел класико“ Барселона го доби Реал Мадрид со 4:0. Во тој натпревар играле фудбалери чија вредност изнесувала 562 милиони фунти. Двете екипи со три победи ја започнаа сезоната во Премиер лигата и се единствени со Челси со максимален учинок на почетокот на новата сезона во Англија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com