HomeФЕР ПЛЕЈРакометМанасков најдобар европски играч за месецот според ЕХВ

Манасков најдобар европски играч за месецот според ЕХВ

Според Европската ракометна федерација (ЕХФ), Дејан Манасков е најдобриот ракометар во Европа за месец јуни.

Како најзаслужен што Македонија ја надмина негативата од шест гола од првиот натпревар со Чешка, па со победата од 34-27 во Скопје се пласираше на мундијалот во Франција, Манасков беше фантастичен во репрезентативните настапи, во време кога клупските обврски мируваа.

-„Морам да признам дека ова е голема работа за мене бидејќи станува збор за признание што го доделува ЕХФ. Се надевам дека и во иднина ќе следат нови вакви награди, не само за мене туку и за останатите македонски ракометари. Знаевме дека нема да ни биде лесно на тој реванш, но ако се земе во предвид нашата игра на првата средба беше очигледно дека бевме многу слаби. Тие шест гола негатива ни беа повик за будење, на домашен терен ја презедовме иницијативата и славевме пред нашите верни навивачи“ – изјави Дејан Манасков.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com