HomeДЕНЕШНАСветМал Хитлер победи на маскембал во Австралија – Училиштето се извини за скандалот

Мал Хитлер победи на маскембал во Австралија – Училиштето се извини за скандалот

Австралиско училиште се извини јавно откако едно момченце на маскенбал дошло облечено како германскиот нацистички водач од Втората светска војна Адолф Хитлер и ја освоило наградата за еден од најдобро маскираните ученици. Скандалот се случил во средата во приватното училиште „Сент Филип“ во зафрленото гратче Алис Спрингс, пишува BBC News.

Училиштето му се извинило на еврејски ученик кој таму бил во рамките на училишна размена. Директорот на училиштето потврдил дека ученикот однапред ја прашал учителката дали може да се маскира во нацистичкиот диктатор и дека таа му го дозволила тоа.

„Сега е апсолутно скршена поради тоа што го сторила и загрижен сум за нејзиното здравје“, изјавил директорот Роџер Херберт.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com