HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонците не им веруваат на овие институции

Македонците не им веруваат на овие институции

Според анкетата на ПАСОС проектот за отворена влада, во 2015 година се намали довербата во јавните институции во Македонија. Испитаниците ги идентифиикуваа политичките партии и владината канцеларија за антикорупција како особено неверодостојни и со најмала доверба.

Само 10% се изјасниле дека имаат доверба во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), што претставува најмал процент на испитаници кои се изјасниле дека имаат некое ниво на доверба во институтициите. Политичките партии, пак, имаат највисок процент на лица кои експлицитно се изјасниле дека немаат доверба во институцијата.

„Политичките партии остануваат ентитет со најмала доверба, односно 75,6% од испитаниците изјавиле дека не им веруваат на политичките партии. Судскиот систем со 67,3% и ДКСК со 65,1%, исто така, имаат високо ниво на недоверба„, изјави Ќендреса Сулејмани, аналитичарка од Центарот за истражување и креирање политики од Скопје, која го надгледуваше анкетирањето во Македонија.

„Ова главно се однесува на сегашната политичка криза во државата“, нагласи Сулејмани. „Во 2015 година, опозициската партија објави многу преслушувани разговори од високи владини функционери укажувајќи на криминалните активности во кои биле вклучени владините функционери и политизација на институциите, како што се меѓу другите и судовите и Државната комисија за спречување на корупцијата“.

Во Македонија довербата во институциите драстично се намали споредбено со други истражувања на истата тема. На пример, процентот на Македонци кои се изјасниле дека имаат некое ниво на доверба во војската од 71,5% во 2014 година, кога била институција со најголема доверба, се намалил на 37,5% во 2015 година. Дури и во институцијата која уживала најголема доверба во 2015 година, образовниот систем, доверба имаат само 44 % од Македонците.

Проектот Застапување за отворена влада е финансиран од ЕУ, и освен во Македонија, истражувањето беше направено и во Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Србија.

 

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com