HomeДЕНЕШНАЕкономијаМакедонското вино се повеќе присутно во Европа

Македонското вино се повеќе присутно во Европа

Македонските винарски визби и годинава успешно ги исполнуваат квотите за извоз на западноевропските и на другите пазари во светот со тоа што има пораст на продажбата на вино во шишиња кое е брендирано и секако поскапо, а стандардно одлично се продава и наливното вино за кое има огромна побарувачка во Европа.

Две години по ред целосно се искористуваат договорените безцарински количества за продажба во Европската Унија. По склучувањето на Протоколот во 2001 година, македонското вино во целост се продаваше единствено како наливно, а извозот на флашираното беше минимален и безначаен.

До крајот на мај годинава е забележано зголемување на извозот на виното во шишиња за 7 проценти, а на наливното за 47 отсто. Квотата за флашираното вино е 91.000 хекто литри, а за наливното скоро 40 милиони литри годишно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com