HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМакедонска филхармонија ќе свири за Дејвид Боуви

Македонска филхармонија ќе свири за Дејвид Боуви

На претстојната сеопфатна културна манифестација „Види музика, слушни филм, добиј книга“ еден од најатрактивните настани ќе го има Македонска филхармонија која овој пат ќе свири песни од опусот на легендарниот Дејвид Боуви.

Под отворено небо, на 23 јуни (четврток) во Градскиот парк во Скопје со почеток во 21 часот, оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Емин Џијан и во негова оркестрација, ќе ги изведе најголемите хитови на највлијателниот поп- уметник на сите времиња Дејвид Боуви – „Let’s dance“, „China girl“, „Space oddity“, „Lazarus“, „Life on Mars“, „Ziggy Stardust“, „Ashes to Ashes“, „Rebel Rebel“, „The Man Who Sold The World“ и уште многу други незаборавни теми.

Покрај оркестарот на Македонската филхармонија, во изведба на композициите, кои овој пат ќе добијат поинаков и автентичен израз, ќе учествува и Женскиот хор при МКЦ, како и бенд во состав: Ади Имери, вокал и гитара, кој ќе ја има главната улога, Александар Поп Христов, гитара, Иван Бејков, бас, Благоја Перуновски, клавијатури и Мартин Вучиќ, тапани.

Извор: cooltura.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com