HomeДЕНЕШНАСкопјеМакедонската полиција на вежба за принудно запирање возила

Македонската полиција на вежба за принудно запирање возила

Денес на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“ припадниците на МВР ќе изведат показна вежба, принудно запирање на возило со помош на инструментот „стингер“.

Оваа вежба е предвидена како тематска единица со наслов „Обука за контрола на возилата во сообраќајот“.

Како што соопшти МВР, обуката е дел од проектот „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на гранично управување, работата на полицијата со заедницата и борбата со организираниот криминалитет“ поддржан од Европската унија.

„Стингер“ е инструмент, добро познат за полициите во западните земји, кој се поставува на коловозот со цел да онеспособи друго возило дупнувајќи му ги гумите. Потребна е подготвеност на полицијата и знаење стручно да го користи овој инструмент за да се избегнат инциденти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com