HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМакедонка се удави на Крф, се води процедура за враќање на телото

Македонка се удави на Крф, се води процедура за враќање на телото

Македонска туристка на 73 годишна возраст се удавила во морето на грчкиот остров Крв, а по интервенцијата само била констатирана смрт. Телото било пренесено во локалната болница, а сега се води процедура за нејзино враќање во државата.

Информацијата за МИА ја потврди Канцеларијата за врски на Република Македонија во Грција и информира дека во тек е процедура за пренесување на телото на починатата во Македонија. Трагедијата се случила кај гратчето Мораитика на југоисточниот дел на грчкиот остров Крф.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com