HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонија сиромашна со судски преведувачи на Фарси јазикот

Македонија сиромашна со судски преведувачи на Фарси јазикот

Македонија сиромашна со судски преведувачи на Фарси јазикот. Во нашата земја има само еден официјален судски преведувач на фарси јазикот на кој зборуваат поголемиот број мигранти.

Овој јазик го зборуваат најголемиот број емигранти кои доаѓаат од Иран, Авганистан, Узбекистан и Таџикистан, а институциите се мачат да преведат текстови од овој специфичен јазик, тоа е голем недостиг на официјални судски преведувачи. Овој проблем доаѓа до израз поради актуелната мигрантска криза.

Ана Попова – Манасиевска, член на Здружението на преведувачи на Македонија вели дека самите тие се свесни дека се јавува се поголема потреба за преведувачи на јазици што претходно и не биле толку потребни и дека треба да се работи на тоа, треба да се определи потребата од определени јазици и можеби проактивно да се работи на едукација на преведувачи од овие јазици.

Исто така Поповска објаснува дека имаат многу одговорна работа, посебно кога се работи за судски документи, но нивната работа е недоволно законски регулирана и имаат нелојална конкуренција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com