HomeДЕНЕШНАЕкономијаМакедонија на дното по месечни примања во регионот

Македонија на дното по месечни примања во регионот

Просечната исплатена нето плата по вработен за март изнесува 22.053 денари, а споредено со истиот месец минатата година, бележи раст од 3 отсто. Додека просечната исплатена бруто-плата изнесува 32 392 денари и исто така бележи раст од 3 отсто.
Ваквото зголемување се должи на растот на нето платата исплатена во секторите: административни и помошни услужни дејности , информации и комуникации и градежништво. Додека најголем пад на исплатена нето плата има во секторите: дејности за санација и останати услуги на управување со отпад и вадење на други руди и камен. Во март 2016 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
http://www.mkd.mk/files/article/2013/12/23/mkd-96810.jpg
 Статистиката покажува дека денес со просечна плата може да се купи помалку во споредба со 2010 година. Според податоците за просечната нето плата во државата, кои секој месец ги објавува Државниот завод за статистика, во декември 2010 година таа изнесувала 21.454 денари. Пет години подоцна или во декември 2015 година просечната плата во државата е на нивото од 22.715 денари. Тоа значи дека за пет години месечната заработувачка на просечниот Македонец пораснала за 1.261 денари додека минималната потрошувачка кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија, се зголемила од 29.199 денари на 32.233 денари односно за точно 3.034 денари.
Во регионот, Македонија со 358 евра е меѓу земјите со најниски плати. Просечната плата во Србија изнесува 375 евра, во Босна 424 евра , во Црна Гора 488 евра, во Хрватска 752 евра, а во  Словенија 1022 евра. На европско ниво, источна Европа има најниски плати, додека жителите на западна Европа и Скандинавија имаат највисоки месечни примања.
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com